Утрински Весник
Свет

Масовен егзодус: Нагорно Карабах го напуштија повеќе од 2.900 Ерменци

Масовен егзодус: Нагорно Карабах го напуштија повеќе од 2.900 Ерменци

Повеќе од 2.900 луѓе од утрово влегле во Ерменија од Нагорно Карабах, соопшти ерменската влада.

dobivaj vesti na viber

Според „Ројтерс“, етничките Ерменци започнале масовен егзодус со автомобили во Ерменија, откако Азербејџан ги победи борците од самопрогласениот регион Нагорно-Карабах. Првата група од околу 30 бегалци пристигна вчера во пограничното село Корниџор во Сјуник, пренесе АП.

Раководството на Нагорно Карабах објави дека 120.000 Ерменци во регионот не сакаат да живеат во Азербејџан поради страв од прогон и етничко чистење.

Во изминатите 30 години, Ерменија и Азербејџан двапати водеа вооружени конфликти за контрола на територијата на Нагорно-Карабах, а Баку ја врати контролата врз териториите во и околу Нагорно-Карабах во конфликтот во 2020 година.

Ерменците од Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, но претходно надвор од негова контрола, беа принудени на прекин на огнот минатата недела по 24-часовната воена операција на азербејџанската армија.

Можете да прочитате

Турција ја укина одлуката за запирање на увозот на лимони

САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина

Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27