Утрински Весник
Свет

Маск се обрати на предизборниот митинг на Алтернатива за Германија

Mask.jpg

Американскиот милијардер Илон Маск, кој е и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, ја потврди денеска својата поддршка за екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД) во видео порака на почетокот на предизборната кампања за парламентарните избори што ќе се одржат на 23 февруари.

 „Многу е важно дека луѓето во Германија се гордеат што се Германци“, рече Маск во обраќањето со видео-врска на митингот на АфД во Хале ан дер Заал, истакнувајќи дека германската култура датира „илјадници години“ и дека римскиот император Јулиј Цезар бил „импресиониран“ од борбениот дух на германските племиња, објави NTV.


de. Според него, Германија страда поради „прекумерната бирократија од Брисел“. „Силно се надевам дека АфД ќе постигне добар резултат и Алис Вајдел ќе стане канцелар“, додаде тој во петминутниот говор.

Можете да прочитате

Трамп најави мерки против Колумбија

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

ЦИА го објави извештајот за Ковидот: Вирусот излегол од лабораторија?