Утрински Весник
Свет

Маск потврди дека ја напушта администрацијата на Трамп

Mask.jpg

Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци.

– Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X.


Мандатот на Маск од 130 дена како специјален владин службеник требаше да измине на 30 мај. Владата на САД посочи дека напорите на DOGE за реструктуирање и намалување на владините трошоци ќе продолжат.

– Мисијата на DOGE само ќе се зајакне со текот на времето, откако ќе стане начин на работа за владата, напиша Маск.

Службеник на Белата куќа ја потврди информацијата за заминувањето на Маск и рече дека „неговото повлекување ќе почне денеска“.

Можете да прочитате

Најмалку петмина загинати во експлозија во фабрика за петарди во Пенџаб

Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол

ЕУ сака да го „удри“ Тему со нова давачка за секоја пратка за да не биде толку евтино