Утрински Весник
Свет

Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна

Musk.webp.webp

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека ќе ја повлече понудата од 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира Опен АИ (OpenAI) под услов извршниот директор на компанијата Сем Алтман да се откаже од својот план да ја претвори компанијата, што е зад ChatGPT, во „профитен ентитет“.

„Доколку одборот на Опен АИ е подготвен да ја зачува мисијата на добротворната организација и одлучи да го отстрани знакот ‘за продажба’ од своите средства со запирање на конверзијата, Маск ќе ја повлече понудата“, изјавија адвокатите на Маск во поднесок пред судот во Калифорнија.


Алтман ја одби понудата на Маск претходно оваа недела, нагласувајќи дека Опен АИ „не е на продажба“.

Можете да прочитате

Ватикан се подготвува за смртта на папата

САД означиле повеќе нарко картели како глобални терористички организации

Австрија: Уапсен тинејџер, планирал напад на железничка станица во Виена