Утрински Весник
Економија

МАСИТ на средба со амбасадорката на Грција го најави првиот ИКТ Бизнис Форум „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026″

Masit logo mk logo scaled.png

Во пресрет на првиот „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026″, помеѓу Северна Македонија и Грција, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски и директорката на Извршната канцеларија на МАСИТ, Елена Петрушевска, остварија средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Н.Е. Софија Филипиду.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу Северна Македонија и Грција, со посебен фокус на развојот на ИКТ секторот, дигиталната трансформација и регионалното поврзување на компаниите.


Во таа насока, МАСИТ официјално го најавува одржувањето на „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026″, кој ќе се одржи на 4 јуни 2026 година во Скопје, во организација на МАСИТ и грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE.

Форумот претставува прва организирана билатерална платформа за поврзување на ИКТ секторите од двете земји, создадена со цел да поттикне нови деловни партнерства, регионална соработка и пристап до нови пазари за компаниите од двете земји.

На настанот се очекува учество на повеќе од 20 грчки ИКТ компании, како и компании и институции од домашниот пазар, преку структурирани B2B средби, активности за вмрежување и дискусии посветени на дигиталната трансформација и економската соработка во регионот.

Во рамки на форумот ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, со што дополнително ќе се зајакне институционалната и деловната поврзаност помеѓу двете ИКТ заедници, а истиот е поддржан од Стопанска Банка АД Скопје.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот претставува значаен чекор кон создавање посилна регионална ИКТ мрежа и конкретна платформа за деловен раст и меѓународна соработка.

„Веруваме дека регионот има сериозен потенцијал за заеднички дигитален развој. Со овој форум отвораме нов канал за директно поврзување на компаниите, размена на знаење и создавање нови бизнис можности помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор”, изјави Димитровски.

Во рамки на средбата беше отворена и дискусија за новите законски решенија и реформски процеси поврзани со дигиталната економија и развојот на ИКТ индустријата, при што беше нагласена важноста од создавање предвидлива и конкурентна бизнис-клима што ќе го поттикне растот на технолошките компании и регионалната соработка.

МАСИТ продолжува активно да работи на интернационализација на македонската ИКТ индустрија и создавање нови можности за домашните компании преку регионални и меѓународни партнерства.

Можете да прочитате

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете живее во сиромаштија!

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДС да зборува за економија, a токму тие ја оставија државата со празна каса

Од вечерва поскапуваат бензинот и дизелот