Утрински Весник
Спорт

Мартин победи во Португалија, Акоста трет, Бањаја и Маркез не ја завршија трката

149c08285e0a9bb7e09e34302b1f0984 1709921824.jpg
Ss2

Хорхе Мартин победи на трката за Големата награда на Португалија. Возачот на Прамак Дукати со шестиот триумф во кариерата во „кралската класа“, го заокруѓи перфектниот ден на Шпанеците, Даниел Олгадо победи во категоријата Мото 3, а Арон Канет во Мото 2.

Мартин трката ја започна од третото место, на челната позиција ја презеде во првиот свиок и до крајот никој не успеа да му ја оспори победата.

300x250 (7)

Енеа Бастианини заврши на второто место со 882 илјадитинки заостанување, а трет беше возачот на ГасГас, Педро Акоста. Шпанецот ја возеше својата втора трка во „кралската класа“ и стана третиот најмлад кој се искачил на подиумот во историјата на Мото ГП.

Трката не беше многу интересна, до самиот финишт, Акоста беше во центарот на вниманието бидејќи од седмото стигна до четвртото место. Во борбата за четвртата позиција го помина актуелниот шампион Пеко Бањаја.

Италијанецот не ја заврши трката бидејќи на три круга до крајот имаше контакт со Марк Маркез од Гресини.

Драмата кулминираше во последниот круг кога во тој момент второпласираниот Маверик Вињалес, падна од својата Априлија.

Ss1

Можете да прочитате

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО