Утрински Весник
Македонија

Март – национален месец за подигање на свеста за рак на дебело црево

Onkologija.webp.webp

Март годинава е национален месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево. Mесец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, е многу битен за информирање на граѓаните, за четвртиот најчест тип на рак во Соединетите Држави и светот. Со над 100.000 нови случаи секоја година и над еден милион вкупно случаи, ракот на дебелото црево е огромен проблем. Но, со рано откривање на оваа болест, се проценува дека повеќе од половина од смртните случаи на годишно ниво, можат да се спречат. Благодарение на националниот месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, вниманието се насочува кон важноста на раното откривање и скринингот. Во март се здружуваме да дадеме надеж и се залагаме за подигање на свесноста, наведуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Според Американското здружение за рак, секој може да развие рак на дебелото црево, но некои од водечките ризик фактори се исхрана богата со црвено месо – како што се говедско, свинско, јагнешко или црн дроб и преработено месо – виршли и сувомеснати производи. Возраста и пушењето се, исто така, фактори на ризик. Најдоброто нешто што можете да направите за да го избегнете овој рак е да останете активни, да не пушите, да јадете повеќе зеленчук, наместо црвено месо и да правите редовни прегледи на дебелото црево, почнувајќи од 45 години или помлади, доколку имате семејна историја, појаснуваат од ИЈЗ.

Ракот на дебелото црево, нагласуваат, се лекува и не мора нужно да има смртен исход. 

– Причината зошто ракот има поголема смртност кај возрасните во САД, е затоа што, 20 до 25 отсто, од пациентите се метастазирани во моментот на поставување на дијагнозата, што значи дека ракот веќе се проширил на други делови од телото. Сепак, ова може да се излечи со низа достапни опции за третман, вклучувајќи операција за отстранување на ракот, хемотерапија и терапија со зрачење, во зависност од тоа колку е проширена болеста, додаваат од ИЈЗ.

Многу луѓе со рак на дебелото црево немаат никакви симптоми во раните фази на болеста. Сепак, некои симптоми вклучуваат постојана промена во навиките на дебелото црево, вклучувајќи дијареја или запек или промена во конзистентноста на столицата, ректално крварење или крв во столицата, постојана абдоминална непријатност, како што се грчеви, гасови или болки, чувство дека цревата не се празнат целосно, слабост, замор или необјаснето губење на тежината.

– Ракот на дебелото црево е смртоносен, но, еден е од најлесните за откривање и во најраните фази, е еден од најизлечливите видови на рак. Едно лице може да има рак на дебелото црево, без симптоми. Според асоцијацијата за рак на дебелото црево, пациентите на кои им е дијагностициран рак на дебелото црево, често немаат никакви симптоми. Ако сте родени во 1990-тите, имате двојно поголем ризик од рак на дебелото црево и четири пати поголем ризик од рак на ректумот од оние родени во 1950-тите години. Ова е разочарувачка статистика за сите родени во овој период. Ракот на дебелото црево се јавува во семејството. Луѓето со родител, брат, сестра или дете, заболени од рак на дебелото црево, имаат два или трипати поголем ризик да развијат рак на дебелото црево, во споредба со оние кои немаат семејна историја на болеста, појаснуваат од ИЈЗ.

Според податоците од ИЈЗ, тоа е третата водечка причина за смрт кај младите возрасни. Во 2020 година имало околу 18.000 случаи на колоректален карцином дијагностицирани кај луѓе под 50 години, што е еквивалентно на 49 нови случаи дневно.

– Во САД од средината на 1980-тите, стапката на инциденца на рак на дебелото црево се намалува, но и возраста на скринирање се намалува. Ова се должи на зголемената свест на граѓаните, но стапката на скрининг сѐ уште останува ниска, особено кај оние кои немаат здравствено осигурување, подвлекуваат од ИЈЗ.

Болеста може да се спречи. Колку порано се открие ракот, толку се поголеми шансите лицето да го победи. Затоа раното откривање е толку важно.

– Иако е смртоносна болест, тоа е болест што може лесно да се открие и да се лекува. Хирургијата е примарна форма на третман и дава добри резултати во приближно 50 отсто од случаите. Канцерогениот полип може да потрае 10 до 15 години, пред да се развие во рак. Со редовен скрининг, лекарите можат да ги отстранат полипите пред да прераснат во рак, додаваат од ИЈЗ.

Главна цел, додаваат, за спроведување на скринингот и раната детекција на рак на дебелото црево е намалување на морбидитетот и морталитетот во Република Северна Македонија, од рак на дебело црево.

– Стратегијата за подобрување на раното откривање на ракот на дебелото црево подразбира и подoбра информираност на населението за значењето на раното откривање на ракот и едукација на здравствениот кадар за самата програма. Целта е да се намали морталитетот со ракот на дебелото црево. Да се редуцира инциденца, да се зголеми пропорцијата на рано откриени случаи со рак на дебелото црево од 14 отсто до повеќе од 50 проценти, за 10 години и да се подобри квалитетот на живот на заболените, како и да се намалат трошоците за третман на заболените од рак на дебелото црево. Во март, здружени даваме надеж и се залагаме за подигање на свесноста, нагласуваат од Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот.

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето