Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Марш за Палестина во Скопје: „Нема да молчиме пред геноцидот“

Image 2025 10 04 190128387.png
Img 7972

Под слоганот „Стоп на геноцидот – Маршираме за Палестина“, денеска во Скопје се одржа протестен марш во знак на солидарност со палестинскиот народ и осуда на воените злосторства и опсадата на Газа. Стотици граѓани се собраа пред споменикот „Симфонија на мирот“, од каде што маршот тргна кон зградата на Владата на Република Северна Македонија.

Организаторите на маршот од иницијативата „Сите за Палестина“ нагласија дека настанот е дел од глобалното движење на отпор и солидарност, кое има за цел да го прекине молкот на меѓународната заедница и да изврши притисок врз владите да преземат конкретни чекори против израелската окупација и геноцидот.


„Нивната мака е огледало на нашата македонска мака. Нивната борба за парче сопствена земја е истата борба што нашите дедовци ја воделе, а ние и денес ја продолжуваме,“ порача еден од говорниците на протестот. „Како што Македонија беше распарчена по војните, така и Палестина денес е окупирана и поделена. Болката на палестинската мајка е иста со болката на нашите баби прогонети од Егеј.“

Говорниците потсетија и на историската поврзаност меѓу македонската борба за самоопределување и палестинската борба за државност. „Нашата историја не учи колку е болно кога светот е нем за твојата неправда. Затоа, не смееме да молчиме за Палестина. Да покажеме дека го разбираме страдањето и дека стоиме рамо до рамо со сите обесправени народи во светот,“ истакна друг говорник.

Во емотивен говор, една активистка се наврати на своето детство во поранешна Југославија:
 „Израснав со филмови за партизани и холокаустот и верувавме дека такво зло нема никогаш повеќе да се повтори. А денес, 40 години подоцна, живеам во време кога нов холокауст се одвива пред нашите очи, секојдневно, како реално шоу. Овој момент е тест за нашата човечност. Дали навистина сме луѓе ако молчиме додека деца умираат?“

Маршот заврши пред зградата на Владата со повици за признавање на Палестина и конкретна политичка акција. Организаторите најавија дека овој марш е дел од поширока кампања за политички притисок и јавна мобилизација.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Скопје нема време за експерименти, му треба работа и резултати

Изет Меџити и Бајрам Вардар утре ќе го презентираат Мастер планот за Чаир

Ѓорѓиевски: Оваа битка не е само за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град