Утрински Весник
Македонија

„Марш за Ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје – шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Roditeli na zaginatite vo kocani pred sobranie.jpeg

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод, родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.

Маршот ќе почне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот суд и обвинителство, а ќе заврши повторно во „Паркот на Револуцијата“.


Од иницијативата „Кој е следен“ повикуваат на мирен собир на плоштадот во Скопје. Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.

„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.

Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организираа и во други градови.

Можете да прочитате

ДЗС бара поранешни полицајци, војници и пожарникари за гаснење пожари – плата до 2.150 евра за три месеци

За првпат МТВ нема да го пренесува Светското првенство во фудбал

Лефков, Стефковски и Јованчев влегуваат во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ