Утрински Весник
Македонија

Марш во Неготино: Угостителите да се воздржат од музика овој викенд во чест на Фросина

Frosina.jpg

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи во сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот преку Фејсбук групата посветена на градот. Маршот ќе започне во 14 часот, на улица „Маршал Тито“, во близина на семафорите.
Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите кои секојдневно се случуваат на нашите улици. Овој протест е повик за промени, порака дека е доста со жртви во сообраќајот. Маршираме за Фросина, за Викторија, за сите кои го загубија животот поради несовесни возачи и нефункционални институции“, се наведува во повикот за учество.

Протестот има за цел да ја истакне сериозната ситуација со сообраќајното насилство и апелира на итна промена. „Секој од нас е потенцијална жртва. Не смееме да дозволиме оваа серија на трагедии да продолжи“, велат организаторите.


Во чест на трагично загинатата 22-годишна Фросина Кулакова, која беше усмртена на улицата „Партизанска“ во Скопје, упатен е апел до угостителските објекти во Неготино да се воздржат од пуштање музика овој викенд.

Беше објавено и дека другарките на Фросина организираат бесплатен автобуски превоз од Скопје до Неготино и назад за сите кои сакаат да присуствуваат на протестот.

Можете да прочитате

Се повеќе деца заболени од варичела во Куманово

ОЈО за акцијата на МВР: Извршени се претреси на 16 локации

Уставниот суд го поништи Законот за данок за солидарност – државата сега е должна да врати 50 милиони евра на 156 компании