Утрински Весник
Македонија

Марковиќ: Еди Рама јавно го исмеа спорот со Бугарија

Img 2691.jpeg

Професорот Ненад Марковиќ оцени дека Македонија не смее да чека и мора проактивно да делува во процесот на евроинтеграциите, особено ако се земат предвид можните најнеповолни сценарија во регионот и Европа.

Во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, Марковиќ беше прашан дали, ако Албанија влезе пред нас во Европска Унија, постојат шанси да ѝ стави вето на Македонија. Тој посочи дека кај дел од етничките Македонци постои воздржаност токму поради страв дека во иднина би можела да поставува нови услови поврзани со правата на Албанците во Македонија.


Според него, таквиот развој не е сигурен и не мора да се случи, бидејќи досегашната политика на Албанија кон Македонија била коректна.

„Еди Рама досега беше искрен и коректен кон Македонија. Не може да му се замери ништо. Дури и јавно го исмеа проблемот што го имаме со Бугарија во однос на европскиот процес“, истакна Марковиќ.

Тој додаде дека постои можност и новите правила во Европската Унија да не дозволуваат класично вето од новопримените членки, што дополнително би ги намалило стравувањата.

Сепак, Марковиќ порача дека државата мора да размислува стратешки.

„Ајде да ги разгледаме и најпесимистичните можни сценарија. Ако размислуваме така, тогаш треба да побрзаме“, нагласи тој.

Според него, Македонија треба да го забрза реформскиот процес и да не дозволи повторно да остане заглавена поради регионални и геополитички околности.

Можете да прочитате

Мицкоски: Истрагата во која е опфатен Богоев ќе се проширува

ОЈО бара притвор за сите четири осомничени лицa во акцијата за спорна набавка во Царина

Косовар баран со потерница уапсен на Блаце