Утрински Весник
Македонија

Марко Пејчиновски успешно го заврши својот модифициран „Ајронмен“ триатлон

Fwgok9xyrysnvuysjfob.jpg

Младиот и храбар Марко Пејчиновски од Охрид уште еднаш успеа да ја оствари својата нова мисија. Синоќа тој успешно го заврши својот модифициран „Ајронмен“ триатлон, во должина од вкупно 107 километри, кои ги помина со трчање, возење велосипед и со пливање.

Предизвикот Пејчиновски го започна вчера со трчање од Свети Наум до Струга, оттаму со велосипед се врати до Свети Наум, од каде што го започна последниот дел, пливањето до Охрид. Трчањето од 42.2 километри Марко го заврши за време од 7 часа и 47 минути. За возењето од Струга назад до Свети Наум му беа потребни 2 часа и 33 минути. Најтешкиот предизвик беше последниот дел, пливањето за кое му беа потребни 9 часа и 29 минути.


На социјалните мрежи тој им се заблагодари на сите што го следеа и го поддржуваа во текот на неговиот предизвик, со зборовите: „Ви благодарам на сите за поддршката“.

Можете да прочитате

Февруари во Кинотеката: Тивки гласови, силни приказни и филмот како чин на сеќавање

„Децата ни изгореа, а вие зборувате за небрежност“ – таткото на загинатата Надица со жестока порака до адвокатката Коцевска

Полициска акција во Аеродром – Апсења, дрога и одземен мотоцикл