Утрински Весник
Македонија

Маричиќ со свечена заклетва го презеде мандатот како претседател на ДИК

Img 7480.jpeg

Со свечена заклетва, Бојан Маричиќ и официјално го започна својот мандат како нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК). По преземањето на функцијата, тој најави ново професионално поглавје обележано со целосна посветеност на обврските и јакнење на улогата на Комисијата како еден од клучните столбови на демократијата.

Во својата прва изјава, Маричиќ истакна дека приоритет во неговиот мандат ќе бидат законитоста, транспарентноста и непристрасноста во сите изборни процеси. Тој најави унапредување на капацитетите на стручната служба и континуирана работа на зголемување на довербата и угледот на ДИК во јавноста.

„Нашата обврска е да ја зајакнеме довербата кај граѓаните и да ја позиционираме Државната изборна комисија како вистински гарант на демократските вредности и изборните стандарди“, нагласи Маричиќ.

Новиот претседател на ДИК упати благодарност до пратениците за укажаната доверба, како и до политичката партија што ја поддржа неговата кандидатура. Воедно, им честиташе и на останатите членови на Комисијата, изразувајќи уверување дека со заеднички, професионален и одговорен пристап ќе придонесат за натамошен демократски развој и фер изборни процеси во интерес на целото општество.

Можете да прочитате

Преку „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа поминале 14.000 патници

„За плата се бориме, не се молиме“ синдикалците излегоа на протест

Приведени седум лица за опожарувањето на објектот на Еврејската заедница во Скопје