Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Со европски вредности да се надвладеат провокациите и инцидентите

Маричиќ: Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на билатералната средба со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук рече дека соработката и меѓусебната почит како модели за успех подеднакво се нужни и за земјите членки на ЕУ и за земјите кои се на пат да станат членки на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

– Меѓусебното почитување и уважување изградено врз европски вредности е единствениот модел за успех за сегашните и идните генерации. Знаеме дека секогаш ќе постојат фактори и од двете страни на границата, а и надвор од тие рамки кои сакаат инциденти, национализам, конфликти и враќање во минатото, кажа Маричиќ на средбата.

Вицепремиерот заедно со европратеникот Ќучук потврдија дека покрај сите провокации и обиди за нарушување на добрите односи, двајцата, заедно со граѓаните, сакаат и силно се залагаат за соработка и добрососедство кои носат благосостојба за двете држави и двата народи и дека веруваат дека таа опција е и побројна, и посилна и дека со сигурност ќе надвладее во оваа ситуација.

Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел во Европскиот парламент се сретна и со европратениците Ирена Јовева и Дејвид Мекалистер со кои разговараа за текот на скрининг процесот, реформскиот план и обврски и задачите кои ги имаме до крајот на оваа година.

На средбата со Мекалистер беше истакнато дека сега Северна Македонија мора фокусот да го стави на реформите и на политичкиот консензус бидејќи тие се гаранти за брз напредок на патот кон ЕУ. Исто така Мекалистер кажа дека Европа се соочува со безбедносни предизвици и затоа е важно регионот да остане стабилен и на европскиот пат.

– Членството во ЕУ е мора да остане наш надворешнополитички приоритет, како и дека ги спроведуваме неопходните реформи за да можеме да ја исполниме нашата цел и визија, 2030 да е година за членство во ЕУ, истакна Маричиќ.

Маричиќ разговараше и со европратеничката Ирена Јовева која му ја потврди позитивната енергија за Северна Македонија и поддршката од европските пратеници и Европскиот парламент за преговорите со ЕУ.

Отворање политички дијалог во Парламентот и заедничка соработка околу евроинтеграциите ќе значи влегување на Северна Македонија во следната фаза од процесот. Северна Македонија има капацитет и сме убедени дека сега е неопходен напредок и опипливи резултати кога станува збор за спроведувањето на реформскиот план и клучните области како владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, посочи Маричиќ.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила