Утрински Весник
Култура

Маричиќ од Хераклеја: Со средства од ЕУ го заштитуваме македонското културно наследство и го поттикнуваме локалниот туризам

Маричиќ од Хераклеја: Со средства од ЕУ го заштитуваме македонското културно наследство и го поттикнуваме локалниот туризам

„Битола има уникатна позиција и припаѓаат на две групи за прекугранична соработка и со Грција и со Албанија. Проектот „Смарт-кул-тур“ покажува на дело како преку средствата од Европска Унија се поврзува локалното население, како се придонесува кон локалниот развој и како се поттикнува локалниот туризам и се заштитува културното и духовното наследство“, рече вицепремиерот Маричиќ при посетата на Хераклеја Линкестис, во рамки на кампањата „Ние сме Европа“.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека во изминатите неколку години преку овој проект се искористени речиси 600 илјади евра за реконструкција и подобрување на овој простор и за правење на овој простор подостапен до посетителите, односно дека е направен целосно достапен за лицата со попреченост.

„Тоа дава можност за повеќе посетители, тоа дава можности да го посетат и оние луѓе коишто досега можеле само да сонуваат да го посетат овој комплекс. Тие луѓе денес може да уживаат во неговата убавина, да разберат што тука се случило и да ја разберат неговата значајност и важност за нашето духовно и културно наследство. Преку проектот „Смарт-кул-тур“ направена е и платформа за виртуелен приказ на целиот комплекс, но исто така и облагороден простор за настани, презентации и концерти“, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот потенцираше дека преку ваквата поддршка од Европската Унија со прекуграничната соработка на релација општина Битола, Преспа, Пустец и Корча се зголемува и регионално значење на Хераклеја како комплекс, но и се зголемува мобилноста и движењето на граѓаните од двете страни на границата.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“