Утрински Весник
Македонија

Маричиќ од Брисел: Го направивме првиот чекор за забрзување на евроинтереграцијата

Маричиќ од Брисел: Го направивме првиот чекор за забрзување на евроинтереграцијата

Денес, во Брисел, заврши тридневниот билатерален скрининг за Поглавјето 24, „Правда, слобода и безбедност“, на кој членовите на македонската работната група ги презентираат позицијата и нивото на усогласеност на правниот систем на Северна Македонија во однос на законодавството на ЕУ, поврзани со судската соработка во граѓански прашања и комерцијалната материја, како и судската соработка во кривичната материја и конфискацијата и замрзнувањето имот.

dobivaj vesti na viber

„Во оваа област направен и првиот чекор во забрзување на интеграцијата. Побаравме Северна Македонија да стане дел од Европската миграциска мрежа, што е доказ плус за добрата подготвеност во оваа област и посветеноста на македонскиот преговарачки тим на процесот“, рече Маричиќ дополнувајќи дека очекува да се продолжи со оваа добра динамика во преговорите со ЕУ.

Главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ, смета дека Поглавјето 24 е поглавје на кое со години веќе соработуваме на полето на азил, миграции и визен режим и тврди дека иако сме прилично успешни во усогласувањето на ова е поглавје, ова е област во која бргу се менуваат работите.

Според Маричиќ, кризата од 2015 и 2016 година со мигрантите и кризата поврзана со Украина покажа дека имаме усогласеност и соработка со ЕУ, а круна на таа соработка е договорот од ФРОНТЕКС, кој неодамна беше потпишан во Скопје и кој ги регулира прашањата за одбрана на европската граница од несакани и недозволени миграции на долг рок.

Забрзана интеграција е новиот елемент кој овозможува учество на земјите кандидатки во ЕУ-законодавството пред самото пристапување во ЕУ. Во рамките на презентирањето на билатералните состаноци земјата може да пројави интерес за учество во acquis, како, на пример: учество во програми на Унијата, експертски групи, работните групи и формати, ИТ-системи, размена на информации, како во случајот со учеството и примената на ковид-сертификатот, појаснуваат од Секретаријатот за европски прашања.

Изминатите три дена членовите на работната група за преговори преку 56 излагања, на 12 теми, поврзани со миграцијата, азилот, судска соработка во граѓански прашања, соработка во областа на борбата против дрогата, соработка во областите на царината, визната политика, полициската соработка и борбата против организираниот криминал, соработката меѓу единиците за финансиско разузнавање, организираниот криминал, судската соработка во кривичната материја, борбата против тероризмот, визен режим, фалсификување и надворешни граници.

Претставниците на работната група за Поглавјето 24, „Правда, слобода и безбедност“, доаѓаат од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за одбрана, Министерство за надворешни работи, кое е надлежна институција за ова поглавје, Министерство за здравство, Јавното обвинителство, Народната банка, Управата за финансиско разузнавање и Секретаријат за европски прашања.

Билатералниот скрининг продолжува на 1 декември за Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права“, кое заедно со Поглавјето 24 е клучно за понатамошниот тек и динамика на преговорите за пристапување во ЕУ.

Можете да прочитате

Димитриевски: Ќе работам на обединување на граѓаните, на власта и опозицијата…

Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено

Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково