Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Не е разговарано, а не е ни време за друга интервенција во Уставот

Маричиќ: Не е разговарано, а не е ни време за друга интервенција во Уставот

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека нема никаков договор за друга интервенција во Уставот, освен за впишување на Бугарите, Црногорците, Хрватите и другите етнички заедници кои тоа го бараат. Според него, сега не е време за други интервенции, кои би одзеле повеќе време.

dobivaj vesti na viber

„ Да се фокусираме на оние обврски кои што произлегуваат од преговарачката рамка. Така мислам дека имаме најголеми шанси за успех, во разумен рок оваа година да ги завршиме уставните измени. Секое друго прашање е вредно за разгледување но не верувам дека е сега вистинското време за тоа, зашто ќе земе и повеќе време и повеќе енергија и ќе го комплицира процесот. Можеме понатаму да ги елаборираме тие прашања и да видиме дали имаме расположение двотретинско за дополнителни промени на Уставот“ рече Маричиќ.

Тој нагласи дека проесот на уставни измени ќе започне пред летото и очекува да бидат успешен, а изборите ќе бидат во редовен термин следната година.

Претходно денес и министерот Османи рече дека процесот на уставни измени треба да се фокусира на ЕУ и да не се оптоварува со други политички прашања.

На реакциите претходи вчерашната изјава на министерот за правда Кренар Лога кој рече дека покрај уставните измени во делот на внесување на Бугарите во Уставот, ова е повод да се направат и други измени, меѓу кои и формулацијата јазик што го зборуваат 20 отсто од населението, да се замени со формулацијата „албански јазик“.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје