Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Националната стратегија е со цел да обезбедиме подобар живот на граѓаните и создавање на заедничка иднина 

Foto4.jpg

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на управниот одбор за проектот „Поддршка за изготвувањето на Националната развојна стратегија на Република Северна Македонија. 

Првиот вицепремиер Маричиќ изразувајќи поддршка за националната стратегија му честита на Вицепремиерот Битиќи за неговата упорност, доследност во процесот на водење и реализација на стратегијата што претставува сериозен процес на креирање на разумни цели, разумни политики кои се базираат на досегашниот тек на нашата држава и на научените лекции од овој досегашен тек.

Во продолжение Маричиќ им се заблагодари на УНДП за  целиот процес на спроведување на националната стратегија за развој и на сите партнери што помогнаа во овој процес, ОН генерално како рамка, Обединетото Кралство и Словачката Република  како главни партнери.   

„Она што мене лично, како носител на процесот на европски интеграции ми беше важно и го има е што овој документ го зема сериозно предвид стремежот на Република Северна Македонија да се приклучи кон  ЕУ и што усогласеноста на областите и целите со стратегиите, политиките и законодавството на ЕУ се еден од темелните принципи на овој документ што јасно упатува на една заедничка координирана акција на сите чинители во општеството се насочени во таа насока. 

Верувам дека со отворањето на кластерите и подготовката на преговарачките позиции, документи, сите оние суштински формални делови на преговарачкиот процес ќе  дадат дополнителен импулс на имлементација на оваа стратегија ,  но исто така и ќе црпат и инспирација од оваа стратегија и ќе биде извор на референтна точка и извор на креирање на овие документи, а се со цел да обезбедиме подобар живот на граѓаните и исполнување на целите на ова општество.“ рече Маричиќ. 

За крај првиот вицепремиер Маричиќ даде предлог во Воведниот текст на нацрт стратегијата во втората реченица, наместо „…особено имајќи го предвид стремежот на Република Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ) до 2035 година…“, да стои „…до 2030 година…“, која што година е стратешка определба за нашата држава.​

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал