Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Гласот за Пендаровски е глас за големиот бран за победа на европска Македонија

Bo An Marichi .jpg

„Гласот за бројот еден на гласачкото ливче е гаранција дека Македонија нема да се враќа кон режимот. Гласот за нашиот претседател Стево Пендаровски е глас за огромен исчекор од Балканот кон Европа”, истакнува во својата порака на социјалните мрежи секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник Бојан Маричиќ, со којашто ги повикува граѓаните во среда, на 24 април, масовно да излезат на гласање за да ја донесат вистинската и многу важна одлука”.

Во повикот за поголема излезност на изборите Маричиќ укажува дека „Првиот круг на претседателските избори е екстремно важен”.

„Да не оставаме на случајности. Вашиот глас е вашата сила. Употребете го вашиот глас како личен придонес кон подобра европска иднина за вас и за Македонија”, потенцира Бојан Маричиќ од СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Маричиќ потсетува дека претседателот „Стево Пендаровски покажа дека е Претседател на сите граѓани. Цврсто го држи заедно македонското општество и застана како бедем против делбите. Тој е најдобриот претставник на нашата држава пред светот, тоа веќе го покажа на дело”.

„Драги сограѓани, уште во првиот круг на 24 април да излеземе масовно и да покажеме дека огромното мнозинство гласови за Стево Пендаровски е најава за победата и на парламентарните избори на 8 мај. Вашиот глас за нашиот претседател Пендаровски на 24 април, го крева бранот за победа за европска Македонија”, нагласува секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник Бојан Маричиќ.

Можете да прочитате

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул