Утрински Весник
Свет

Хезболах објави видео од соборувањето на израелскиот дрон Хермес 450 над Либан

O 1920244 1024.jpg
Ss2

Либански Хезболах објави видео од соборувањето на израелското беспилотно летало Хермес 450 над градот Ал Ашија во јужен Либан синоќа околу 22:50 часот по локално време.

Хезболах, исто така, гаѓаше две згради што ги користеа израелските војници во населбата Метула, постигнувајќи директен удар како одмазда за неодамнешните израелски напади врз јужните села и цивили, особено врз градот Кфар Кила.

300x250 (7)

Хезболах потврди дека овие две операции дојдоа во поддршка на цврстиот палестински народ во Појасот Газа и неговиот отпор.

Подоцна, портпаролот на израелската војска призна дека израелско беспилотно летало билo соборенo над Либан, откако бил погоден од ракета земја-воздух.

Израелскиот весник „Маарив“ објави дека ракета земја-воздух била истрелана кон беспилотно летало на израелските сили што летало во либанскиот воздушен простор, потврдувајќи директен удар.

Елбит Хермес 450 е израелско беспилотно летало со средна големина дизајнирано за тактички долготрајни мисии. Има издржливост над 20 часа, со примарна мисија извидување, надзор и комуникација.

Има способност да носи четири ракети Рафаел Спајк.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина