Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Анкетите од анкетарите на ВМРО-ДПМНЕ се далеку од реални, СДСМ ќе биде столбот за формирање на новата влада

Img 20240321 Wa0000.jpg
300x250 (7)

 

Коментирајќи ги анкетите што периодот се пласираат во јавноста секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во интервју за „Реално“ вели дека некои од анкетите се далеку од реални и дека тоа ќе го покаже и резултатот на изборите.

„Анкетите оние кои што се презентираат во еден голем дел од анкетарите на ВМРО-ДПМНЕ се далеку од реални, мислам дека ќе бидеме позитивно изненадени особено од СДСМ, дека ќе биде многу подобар резултатот од тоа што го кажуваат анкетите, знаете ние сме се соочувале и порано 2020 година велеа од ВМРО-ДПМНЕ дека 8 пратеници во нивна корист, 8%, 10% на крајот заврши 2 пратеника за листите на СДСМ и БЕСА во тој момент и другите коалициони партнери. Мислам дека борбата ќе биде тешка и тесна и сигурен сум дека СДСМ ќе биде столбот за формирање на следната влада.“

300x250 (7)

Запрашан за тоа дали и каде ќе се најде на пратеничките лисит, Маричиќ истакна дека е логишно тој да се најде на листата во првата изборна единица, додавајќи дека се ќе биде јасно веќе в сабота.

„Овие денови ќе се расчистат сите дилеми, јас реков дека ја прифатив со задоволство и со гордост кандидатурата од мојата месна организација и ОО во Карпош и дека во наредните денови до сабота кога е конгресот, 23.03.2024, за објавување на кандидатските листи ќе имаме време да видиме на кое место ќе се најдам. Јас мислам дека е логично да бидам во 1ИЕ доколку концептуално договориме да бидам на листите, но на кое место ќе видиме до сабота. Важно е, ние ќе имаме силни 12 носители кои што, по 2-ца во секоја ИЕ, кои што ќе бидат носители на нашата политичка приказна, кои што ќе бидат носители на клучната порака дека нема откажување од иднината и дека само во ЕУ сме посилни. И кои што ќе ги носат нашите кандидатски листи пред граѓаните. Јас сум тимски играч и ќе се вградам во овој тим како и да се договориме и со раководството и со претседателот Ковачевски. Но, сметам дека треба СДСМ да игра со најсилниот тим и верувам дека ќе биде така“ порача тој.

Ss1

Можете да прочитате

Ахмети од Струга: На 8 мај да ја запечатиме победата на Европскиот фронт

Мицкоски: Очекуваме поддршка за Силјановска Давкова од ЗНАМ, но и од другите кандидати кои не влегоа во вториот круг

Николовски: Ќе продолжиме со вложување во домашното земјоделство за да им обезбедиме европска иднина на младите