Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: 2030 реална година за членство на Македонија во ЕУ

Маричиќ: 2030 реална година за членство на Македонија во ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, по повод годишнината од добивањето кандидатски статус на Македонија за членство во ЕУ, вели дека после 17 години чекање денес сме земја преговарач со ЕУ, и сега сè е во наши раце.

dobivaj vesti na viber

„Далечната 2005 година добивме кандидатски статус за членка на ЕУ, а овој 17 декември Северна Македонија е земја која преговара со Европската Унија. Немаме повеќе блокади од никого, напротив. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Да не бидеме самите на себе следно вето“, порачува Маричиќ.

„Направивме историски чекор во евроинтеграциите. Денес имаме задача пред овој државнички проект да застанеме одговорно и со силна политичка волја за темелни реформи, успешно да го завршиме. Тоа е наша обврска кон граѓаните. Со јасен план и визија, зад која треба да застанеме сите, фокусирани на реформската агенда, мораме брзо да напредуваме во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ“, рече тој.

Според него, темпото на скрининг процесот се одвива според предвидениот календар од Европската комисија.

„Успешно го завршивме билатералниот скрининг за Кластер 1, ,,Фундаментални вредности”, во јануари продолжуваме со билатералните состаноци за Кластер 2 и тоа за Поглавјата 3, 6 и 7, односно „Право на основање и слобода на давање услуги“, „Право на трговски друштва“ и „Право на интелектуална сопственост“. Немаме повеќе блокади од никого, напротив. Имаме силна поддршка од европските институции, од државите членки, од високите европски претставници. Да не бидеме самите на себе следно вето“, додава тој.

„2030 реална година за членство на Северна Македонија во ЕУ, заедно да ја оствариме“, стои во објавата на вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице