Утрински Весник
Свет

Марија Захарова: Бараме да се запре со убиствата на цивили во Украина

Марија Захарова: Бараме да се запре со убиствата на цивили во Украина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Русија ги повикува меѓународните организации веднаш да и наредат на Украина да престане со убиствата на цивилите кои Киев ги обвинува дека соработуваат со Москва, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

„Бараме меѓународните организации да го искористат своето влијание врз Киев и да го запрат масакрот на цивилите. Тоа мора веднаш да престане“, рече Захарова на прес-конференција, а пренесе ТАСС.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи ги повикува земјите-членки на Обединетите нации, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и другите важни организации да извршат притисок врз Владата на Киев да преземе ефективни мерки за спречување на хуманитарни последици за цивилното население.

Можете да прочитате

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара

Спречен терористички напад во Турција

Унгарија: Воениот заем на ЕУ за Украина нема да донесе мир