Ветеранката актерка и водителка Марија Кордеро има смисла за хумор покрај кулинарските совети.
Во осмата епизода од хонгконшкото ток-шоуто за готвење, When Grandpa Meets Maria („Кога дедо ја запозна Марија“), Марија во разговор со уште двајца актери водители говореше за времето кога го запознала Бил Клинтон.
Тема на епизодата беше за познати личности што водителите претходно ги запознале.
Сосема очекувано, нејзиното прво спомнување беше Моника Левински, која била во вонбрачна афера со Клинтон, тогашен претседател на САД, додека била приправник во Белата куќа од 1995 до 1996 година.
Марија се запознала лично со Клинтон кога ја прими наградата за најистакната азиска уметница.
Марија (69) духовито прокоментира: „Дали сте ја виделе неговата (поранешна) девојка (Левински)? Сигурно сакал мрсна храна, па затоа и ја засакал!“
„Ако Клинтон те познавал претходно, тогаш Левински ќе немаше шанса“, се пошегува Ка Динг, ководителот на емисијата.
„Па, не знаев дека сака жени со облини. Да знаев дека му се допаѓаат, јас ќе бев неговата Левински!“, рече Марија, што предизвика срдечни насмевки кај другите двајца водители.
Марија сподели и урнебесна анегдота за времето кога таа и мајка ѝ се запознале со Клинтон. „Кога мајка ми се ракуваше со Клинтон, таа одеднаш почна гласно да пцуе“.
Мајка ѝ подоцна објаснила дека пцуела затоа што Клинтон толку силно ѝ ја стегнал раката што ја заболело.