Утрински Весник
Магазин

Маргот Роби откри детали за жешките сцени во „Волкот од Волстрит“

Маргот Роби откри детали за жешките сцени во „Волкот од Волстрит“
300x250 (7)

Маргот Роби откри колку била нервозна додека снимала жешка сцена со Леонардо ди Каприо во „Волкот од Волстрит“.

dobivaj vesti na viber

Австралиската ѕвезда се катапултира во центарот на вниманието глумејќи ја сопругата на Џордан Белфорт, Наоми, во филмот на Мартин Скорсезе од 2013 година.

Ss1

Австралиската актерка, која многумина ја нарекуваат најубава жена на светот, имала голема трема пред снимање на интимна сцена со познатиот холивудски актер, и за дополнително да се охрабри, испила неколку текили.

„Нема да ве лажам, испив неколку чашки текила пред да ја снимам таа сцена на подот. Бев многу, многу нервозна“, рече Роби во разговорот за BAFTA: A Life In Pictures, нагласувајќи дека можеби само изгледала самоуверено, но воопшто не било така.

Роби за време на снимањето имала само 22 години, а нејзиниот партнер Ди Каприо бил 15 години постар. Станува збор за сцена која се одвива во детската соба и во која Роби, која ја портретира Наоми Лапаља, сопругата на Џордан Белфорт, се обидува да го испровоцира Ди Каприо покажувајќи го голото меѓуножје. Ова е една од најексплицитните сцени во и онака многу експлицитниот филм.

 

 

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Биолог случајно откри црви кои јадат и разградуваат пластика

Плановите за погребот на кралот Чарлс се сменија по откривањето на ракот: „Тој е навистина, навистина лошо“

Уапсени група крадци на ретки книги