Утрински Весник
Магазин

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

Margo Robi.jpg
300x250 (7)

По светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа на „светот на пластиката“… Се подготвува филм заснован на друштвената игра „Монопол“, пишува „Варајети“.

Компанијата „Хасбро“, сопственичка на играта за плаќање имот, наем и казни, и продукциката куќа „Лајонсгејт“ во заедничкото соопштение за печатот на 10 април велат дека продуцентската компанија на Роби, „Лакичап“ (LuckyChap) ја пренесува играта на големиот екран.

Img 5587

„’Монополот’ е врвна игра за недвижностите… Како и сите најдобри оригинални игри, и оваа зарази генерации низ целиот свет, и ние сме толку возбудени што ќе ја оживееме оваа игра заедно со прекрасните тимови на ‘Хасбро’ и  ‘Лајонсгејт’,“ се вели во соопштението.

Фирмата „Лакичап“ што Роби ја води со својот сопруг Том Акерли и колегата-продуцент Џози Мекнамара, го продуцираше филмот номиниран за „Оскар“, „Барби“, којшто им донесе над милијарда долари заработка на киноблагајните. Засега не се откриваат никакви подобности за филмот зашто проектот сѐ уште е во рана претпродукција. 

Ss1

Можете да прочитате

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Филмови, игри и забава за деца преку платформата Cinesquare

Фајненшл Тајмс му дозволи на ЧатЏПТ да ги користи неговите написи за обука