Утрински Весник
Македонија

Марјан од „ДоказМ“ требало да биде задржан во болница, но одбил, па го вратиле во затворот во Шутка

Сопственикот на „ДоказМ“ не се чувствува виновен, адвокатот барал наместо притвор да му се забрани пристап до порталот
Ss2

Марјан Стаменковски сопственик на „ДоказМ“ на кого му се суди за пет кривични дела е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка. Нему му биле направени проверки на Клиниката за кардиологија во Скопје, каде што докторите препорачале да биде задржан на болничко лекување поради кардиоваскуларни проблеми кои ги имал и од порано. Откако Стаменковски одбил, затворската полиција во вратила назад во притвор.

dobivaj vesti na viber

„Вратен е во затворот „Скопје“, со препишана терапија. Тој е под мониторинг, на секои 20 минути му се проверува состојбата“, потврдува Филип Андов, директор на КПУ „Скопје“ за „Макфакс“.

300x250 (7)

Според извори на „Макфакс“, Стаменковски барал состојбата да му биде третирана во приватна болница. Непознато е дали вакво барање е упатено и до Кривичен суд, кој може да одобри или одбие каде приворениците и затворениците можат да се лекуваат.

Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Тој се гони дека сторил две дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци. Против него е поднесено обвинение и му се суди. Истовремено, Обвинителството отвори уште една постапка во која испитува и можно сторување на нови кривични дела од страна на Стаменковски.

Досега се одржаа и неколку рочишта, на кои, Марјан Стаменковски се сретна со жртвите односно оштетените во процесот, кои биле негов таргет. Не призна вина и реши да се брани и да докажува дека не сторил ништо незаконски. Новинарките Валентина Вурмо и Ирена Мулачки и јавно по сведочењето во судница кажаа дека очекуваат правда, но и да се најдат нарачателите на текстовите кои осамнуваа на порталот „ДоказМ“.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk