Утрински Весник
Спорт

Манчини демантира дека добивал „бонуси“ од Манчестер сити

Манчини демантира дека добивал „бонуси“ од Манчестер сити

Роберто Манчини демантира дека направил нешто погрешно по обвиненијата за нерегуларности околу неговата плата која ја добивал додека бил менаџер на Манчестер сити и не очекува да биде повикан од Премиерлигата во истрагата околу Сити.

dobivaj vesti na viber

Во февруари, Сити беа обвинети со над 100 прекршувања на финансиските правила во периодот од 2009 до 2018 година, меѓу кои е и „недостатокот на информации околу договорите со својот менаџер“ од 2009 до 2014, период во кој Манчини беше на клупата и ја освои првата премиерлигашка титула на клубот по 44 години. Според германскиот „Дер шпигел“, Манчини добивал 1.45 милиони фунти во плата и дополнителни 1.75 милиони фунти како консултант за тим во Абу Даби со ист сопственик како Манчестер сити.

„Немам контакти со Премиерлигата, ниту некој ме повикал. Не очекувам таков повик. Јас ги платив моите даноци, сите работи се легални и нема зошто да ме контактираат“, изјави Манчини, кој сега е селектор на Италија и ќе ја пречека Англија на утрешниот меч.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига