Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед ќе ги продолжи договорите со пет фудбалери

Манчестер јунајтед ќе ги продолжи договорите со пет фудбалери

Манчестер Јунајтед планира да ги продолжи договорите на пет играчи пред крајот на јануари.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува „Manchester Evening News“, нови договори ќе добијат Давид де Хеа, Диого Дало, Лук Шо, Фред и Маркус Рашфорд.

Тие влегоа во последните години од договорите, но клубот нема намера да ги пушти на лето без обештетување.

Клубот има опција во актуелните договори да ја продолжи соработката, која планира да ја искористи пред крајот на следниот преоден рок.

Претходните години играчите често го напуштаа Олд Трафорд без обесштетување.

Иако на почетокот на новата сезона е очигледно дека на „црвените ѓаволи“ им се потребни значителни промени во тимот, Јунајтед сака барем да се погрижи да добие пристојна отштета во случај на нови заминувања.

Можете да прочитате

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година

Селекторот на Сенегал суспендиран пет натпревари за инцидентите во финалето на Африканскиот куп

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“