Утрински Весник
Спорт

Манчестер jунајтед летово ќе има ограничен буџет

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Манчестер Јунајтед, во актуелната финансиска ситуација, ќе може да потроши само околу 100 милиони фунти за нови играчи следното лето, пишува „Атлетик“.

dobivaj vesti na viber

Причина за тоа се ограничувањата на клубот за финансискиот фер-плеј и не многу добрата политика во однос на продажбата на играчи во последните години.

Минатата сезона тие потрошија повеќе од 200 милиони фунти за да му ги обезбедат на тренерот Тен Хаг играчите што тој ги побара. И покрај тоа што се најавуваше дека и во летниот преоден рок тренерот повторно ќе добие 200 милиони тоа нема да се случи.

Покрај финансиската ситуација, трансферите може да бидат ограничени и со промената на сосптвеничката структура во клубот.

Јунајтед е ставен на продажба, а според англиските медуми новиот газда ќе го расчистит тековниот долг.

Пари за нови играчи клубот најпрвин ќе се обиде да обезбеди со продажба на фудбалери на кои Тен Хаг нема да смета во наредната сезона.

Разни медиуми во Велика Британија тврдат дека Манчестер Јунајтед летово би можел да остане без најмалку десет фудбалери.

Можете да прочитате

Винисиус суспендиран на два натпревара во Ла Лига

Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј

Илон Маск сака да го купи Ливерпул