Утрински Весник
Спорт

Манчестер jунајтед го помилува Aнтони

Манчестер jунајтед го помилува Aнтони

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антони може повторно да тренира со првиот тим и ќе биде во конкуренција за следните натпревари, соопштија од клубот од „Олд Трафорд“.

dobivaj vesti na viber

Бразилецот се најде на удар на јавноста бидејќи е осомничен за насилство врз поранешните партнерки. Неговата поранешна девојка Габриела Кавалин го обвини за физичко насилство, а слично обвинувања повторно дојдоа и од Рејес де Фреитас и Ингрид Лана. Антони ги негира обвинувањата.

Поради обвинувањата тој беше отстранет од списокот на репрезентацијата на Бразил, а не играше ниту за Манчестер јунајтед. Од Јунајтед изјавија дека Бразилецот за тоа време ќе ја добие целата плата.

Антони претходниот период го помина во својата татковина, но во средата се врати во Англија и доброволно отиде во една од станиците на полицијата во Манчестер за да даде изјава и да ги побие обвинувањата. Крилниот напаѓач им го предал мобилниот телефон на инспекторите, за да ја олесни истрагата и да ја докаже својата невиност.

„Како работодавец на Антони, Манчестер јунајтед одлучи дека тој ќе се врати на тренинзите во Карингтон и ќе може да биде дел од тимот додека полицијата истражува. Ќе ја следиме целата ситуација и го задржуваме правото да го промениме нашиот став поради евентуални нови сознанија. Клубот го осудува насилството. Ја разбираме потребата сите инволвирани страни да останат заштитени и да го препознаат влијанието што ваквите обвинувања го имаат врз жртвите на насилство“, се вели во соопштението на „црвените ѓаволи“.

Антони не беше во конкуренција на претходните четири натпревари на неговиот тим.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо