Утрински Весник
Свет

Малолетник планирал теророистички напад во Германија- сакал да направи масакр на Божик

106147423 Gettyimages 1126480893.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската полиција уапсила малолетник под сомнение дека планирал терористички напад.

Полицијата во средата вечерта привела 17-годишник во Елмшорн, под сомнение дека планирал да изврши терористички напад за време на божиќниот базар и да убие луѓе со камион.

Медиумите јавуваат дека станувало збор за тинејџер со германско-турско потекло. Полицијата ги проследила неговите комуникации и констатирала вознемирувачки информации, по што бил лоциран и уапсен.

Според информациите на Билд, се смета дека зад малолетникот стојат исламисти.

Предупредување дека може да има напад дојде до германските разузнавачи од американски колеги.

„Можеме да потврдиме дека водиме истрага, а поради сомнение дека уапсениот планирал да изврши кривично дело, со цел да предизвика смрт на поголем број лица“, соопштило обвинителството.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства