Утрински Весник
Македонија

Малолетник нападнат од две момчиња во гостиварско

Тренер натепал малолетник во спортска сала во Свети Николе

Малолетник од гостиварско пријавил дека бил физички нападнат од страна на две момчиња. Едното момче според изјавите на жртвата користело кожен предмет а другото со остар предмет му нанелo повреда во ногата.

dobivaj vesti na viber

Имено, вчеравечер од 20 часот и 15 минути до 21 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ф.(18) и 17-годишник, двајцата од гостиварско Сенокосе, кои претходно биле пријавени од малолетник од гостиварски Добридол дека околу 17 часот и 30 минути на влезот во селото Сенокосе физички го нападнале. Според пријавеното, едниот од нив користел кожен предмет, а другиот со остар предмет му нанел повреда на ногата.

Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните ќе следуваат поднесоци.

Можете да прочитате

Кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип 

АХВ: Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците

Чудните претскажувања на господинот Насер Селмани