Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс ќе дебитира на Бродвеј

Кијану Ривс ќе дебитира на Бродвеј

Се шпекулира дека Кијану Ривс ќе го има своето прво големо театарско деби во бродвејското оживување на „Чекајќи го Годо“ на Семјуел Бекет.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на „Џон Вик: Поглавје 4“ го глумеше принцот Хамлет во продукција на Manitoba Theatre Center во 1995 година, но сега медиумите дознаваат дека е подготвен да ја преземе својата прва улога во претстава по речиси две децении.

Многумина упатени во театарот изјавија за „Пејџ сикс“ дека ѕвездата на „Џон Вик“ ќе глуми во претставата. Не е познато кој го продуцира и режира делото.

Во 1993 година Кијану се појави во филмот „Многу врева за ништо“ (Much Ado About Nothing) – адаптација на истоимената комедија од најголемиот драмски автор на сите времиња, Вилијам Шекспир – заедно со Ема Томпсон, Дензел Вашингтон и Кејт Бекинсејл.

Можете да прочитате

Пратеникот Сергеј Попов вечерва стапи во брак со Моника!

Фестивали.мк: oд 25 до 27 јуни бидете во Охрид на вино и музика

Аријана Гранде бара од Белата куќа да не се користи нејзина песна во антиимигрантско видео