Утрински Весник
Македонија

Малолетник го управувал моторот со кој ги прегази мајката и детето во Карпош – МВР: Пешаците се пренесени во Ургентен центар

Малолетник го управувал моторот со кој ги прегази мајката и детето во Карпош – МВР: Пешаците се пренесени во Ургентен центар

Моторџијата кој удри во мајката и малолетно дете имал 17-години, велат од МВР за „Макфакс“ Според првичните информации, тој удрил во двајцата пешаци, кои поминувале на пешачки прекин, а помеѓу два лежечки полицајци.

dobivaj vesti na viber

„Удрил во М.К. и малолетник, кои се пренесени во Ургентен центар ‘Мајка Тереза’ за укажување лекарска помош, а потоа и во паркирано возило ‘лада’“, велат од МВР.

Не се знае видот на повредите на мајката и детето, кои со Брза помош се пренесени во болница.

Тие биле во шок, сведочат случајни минувачи, кои додаваат дека во помош истрчале вработени во локалниот старечки дом, како и случајни минувачи.

mvr policija

Увидот е во тек.

Можете да прочитате

Кога започнува Богородичниот пост? Најкраток е, а ова се правилата

Детската клиника доби нов мобилен рентген апарат од Јапонската амбасада

Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура