Утрински Весник
Македонија

Малолетници со кајак се превртеле во Охридскито Езеро

359529494 6831827246837016 3275905199791320705 N.jpg

На 08.07.2024 година во 09.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица, соопштија од СВР Охрид

По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од плажата, забележани се двете малолетни лица кои на себе имаа појаси за спасување. Тие со полицискиот чамец се префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош, истакнаа од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Општина Кисела Вода: Со цистерни се перат улиците

Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори” и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора

Ова е телефонскиот број на кој може да му се јавите на министерот Таравари