Утрински Весник
Македонија

Малолетничка тешко повредена во сообраќајка

Soobrakajka.jpg

На 05.07.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од П.О.(23) и мотоцикл „шинера“, управуван од малолетничка, двајцата од Свети Николе, а двете возила со светиниколски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Можете да прочитате

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор на Лотарија не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Грција со силна поддршка за реформите во праводуството и европската интграција на Македонија

Уапсени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит