Авионот „цесна“ со број на лет OE-FGR чиј контакт беше загубен се урнал вечерва во морето во близина на брегот на Латвија.
Како што пренесува германски „Билд“, авионот полетал од локалниот аеродром Херез на југот на Шпанија и требало да слета во Келн, Германија.
Според „Билд“, екипажот пријавил проблем со дотокот во кабината по полетувањето, а потоа бил изгубен контактот по прелетувањето на Пиринејскиот Полуостров.
Crazy!! pic.twitter.com/Fq7sLny1s5
— Manu Gómez (@GDarkconrad) September 4, 2022
Пилотите во шпански и француски борбени авиони, кои полетале за да ја проверат ситуацијата со приватниот авион не можеле да информираат дали има некој во пилотската кабина.
„Билд“ наведува дека во авионот освен пилотот, имало и жена, маж и нивната ќерка.
OEFGR is now sub 10,000 feet and dropping fast. Terrible thing to watch in real time. pic.twitter.com/8PKnqvbLCh
— The Intel Crab (@IntelCrab) September 4, 2022
Кога авионот влегол во германскиот воздушен простор, од базата Росток, според информациите, полетал борбен авион од типот „торнадо“ за да ја следи „цесната“ и да се обиде да стапи во контакт со пилотот.
Според информациите, екипажот не успеал да оствари контакт со малото летало, а данските борбени авиони го презеле надзорот во Риген. Пилотите на тие авиони биле сведоци на ненадејното спуштање на авионот и падот во морето, во близина на брегот на Латвија.