Утрински Весник
Македонија

МАКСИМУМОТ НА ОВОЈ МНОГУ ТОПОЛ АФРИКАНСКИ БРАН ВО ВТОРНИК И ВО СРЕДА (11 И 12.6.2024): Температури до 41 степен

T2m 084 Crop 1.png

Својот максимум овој многу топол бран кој продира од северните предели на Африка во Македонија ќе го достигне во вторник и во среда (11 и 12.6.2024). Тогаш максималните дневни температури на воздухот насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќето места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе достигнат и до 40-41 степен.

Ув индексот овие два дена ќе има многу висока, до екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова ги советуваме граѓаните да пијат повеќе течности, и секако, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот.

Во Скопје максималната температура на воздухот за време на максимумот на овој топол бран ќе се искачи до околу 37 степени.

Да напоменеме дека следната седмица и тоа особено во најтоплите централни и југоисточни предели ноќите ќе бидат тропски, односно тоа значи дека температурите во ноќните и во раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Мало освежување на времето не очекува дури во четврток (13.6.2024)

Можете да прочитате

Министерот Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност

Се скарале, па се степале во нотарска канцеларија за оставинска постапка

Лефков: Дрин Ахмети добивал милионски тендери