Утрински Весник
Свет

Макрон со повик до Русија да го прифати примирјето

Makron 960x539 1.jpg

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија да го прифати предложениот 30-дневен прекин на огнот што го иницираа САД и Украина. Макрон за ситуацијата разговарал со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски во своето вечерно обраќање истакна дека со Макрон зборувале за дипломатските напори и техничките аспекти на надгледувањето на евентуалниот прекин на огнот. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха најави дека Киев веќе формира национален тим за развој на мониторинг механизми за евентуален прекин на огнот.


САД и Украина постигнаа договор за примирје на 11 март во Џеда, но Киев инсистира на негово стриктно почитување од страна на Москва

Можете да прочитате

Путин и наложи на руската влада да ги обнови складовите оштетени во украинските напади

Секој Полјак, во просек, должи повеќе од 5.000 евра

Мета ги отфрла обвинувањата дека намерно предизвикувала зависност кај децата