
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека аферата околу американскиот сексуален престапник Џефри Епстин е „пред сè прашање на надлежност на Соединетите Американски Држави“ и дека американскиот судски систем мора да си ја врши работата независно.
За време на посетата на Саемот за вино во Париз, Макрон изјави дека случајот Епстин „првенствено ги засега Соединетите Американски Држави“, пренесува „Фигаро“.
„Во тој случај, тамошното судство треба да си ја врши работата, и тоа е сè“, рече Макрон.
Во врска со поранешниот француски министер за култура Жак Ланг, кој е под истрага за неговите врски со Епстин и кој под притисок поднесе оставка од функцијата директор на Институтот за арапскиот свет, Макрон рече дека Ланг „донел одлука според својата совест“, пренесува Танјуг.

