Утрински Весник
Свет

Макрон: Сакам Русија да биде поразена во војната со Украина, но да не биде „скршена“

Макрон: Франција ќе и’ помогне на Украина да ја врати нејзината територија

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сака Русија да биде поразена во војната со Украина, но не и „скршена“.

dobivaj vesti na viber

Тој ова го изјави по враќањето од Минхенската безбедносна конференција, каде што ги повика сојузниците да ја интензивираат поддршката за Украина.

„Сакам Русија да биде поразена во Украина и сакам Украина да може да ја одбрани својата позиција“, изјави тој за француските весници „JDD“ и „Le Figaro“ и телевизијата „France Inter“.

„Убеден сум дека на крајот тоа нема да заврши воено“, додаде тој, предвидувајќи дека ниту една страна не може целосно да надвладее во конфликтот, пренесува АФП.

Можете да прочитате

15 лица се приведени за убиство во Хонг Конг

Трамп: Војната во Украина e тешка за решавање

Путин се сретна со специјалниот пратеник на САД и со зетот на Трамп