Утрински Весник
Свет

Макрон и Фон дер Лаен одат во Кина: „Пекинг станува сè поагресивен во странство“

Макрон и Фон дер Лаен одат во Кина: „Пекинг станува сè поагресивен во странство“

Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен оваа недела ќе ја посетат Кина. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Макрон и Фон дер Лејен ќе престојуваат во Кина од 5 до 7 април.

dobivaj vesti na viber

Министерството објави дека претседателот Шји Џјинпинг планира да разговара за билатералните односи и продлабочување на соработката и да размени мислења за други важни прашања.

Од Брисел беше најавено дека претседателката на ЕК денеска ќе се сретне со Макрон на работен ручек, како дел од подготовките за заедничка посета на Кина.

Портпаролот на Комисијата на Твитер објави дека ќе разговараат за војната на Русија во Украина, енергетските прашања и подготовките за патување во Кина, вклучително и нивната заедничка средба со кинескиот претседател Џјинпинг.

Пред посетата на Кина со Макрон, Фон дер Лајен рече дека Кина станува сè порепресивна дома и сè поагресивна во странство, заменувајќи ја ерата на реформи и отворање со ера на безбедност и контрола, каде што компаниите во Кина се принудени да ѝ помагаат на државата во операции за собирање разузнавачки информации.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата