Утрински Весник
Свет

Макрон: Европа треба да се разбуди

Makron 960x539 1.jpg

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека конфликтот во Украина „нема да заврши утре, ниту задутре“, алудирајќи на најавата на новиот американски претседател Доналд Трамп за брзо завршување на војната.

– Не може да има мир и безбедност во Европа без Европејците и без тоа да биде договорено од Европејците, истакна Макрон во обраќањето пред армијата во базата во близина на Рен.


Тој додаде дека „предизвик е да и обезбедиме средства на Украина за да издржи и да влезе во какви било идни преговори од позиција на сила. како и гаранции за нашата сопствена безбедност“.

Макрон ја повика Европа „да се разбуди“ и да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја намали зависноста од САД.

– Што ќе правиме утре во Европа ако нашиот американски сојузник ги повлече своите воени бродови од Медитеранот? Ако ги испрати своите борбени авиони од Атлантикот во Пацификот?, посочи Макрон.

Според него, Франција и Европа мора да се адаптираат на променливите закани и интереси.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите