Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Макрон ја потпиша контроверзната пензиска реформа, уапсени се 112 демонстранти

Продолжува истрагата за финансирањето на кампањата на Макрон
300x250 opst2

Францускиот претседател Емануел Макрон го потпиша законот за пензиски реформи со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, објави во саботата Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Тој го потпиша законот неколку часа откако највисокото уставно тело на Франција ја одобри реформата.

Уставниот совет ги отфрли повиците на опозицијата за референдум, но и отфрли некои делови од реформата, наведувајќи ги правните недостатоци. По одлуката на Советот, демонстрантите опожарија делови од Париз, а 112 лица беа уапсени.

Синдикатите најавија дека ќе продолжат да се спротивставуваат на реформата и ги повикаа работниците во Франција да се вратат на улиците на 1 мај. Претседателот Макрон тврди дека е неопходна реформата за да се спречи колапсот на пензискиот систем.

Во март, владата употреби посебни уставни овластувања за да воведе промени без гласање. Макрон го потпиша законот рано утринава. Министерот за труд Оливие Дусопт рече дека очекува реформите да стапат на сила на почетокот на септември.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори