Утрински Весник
Македонија

Македонското знаме не е подлога за протокол – туку симбол за кој се умира

Img 9604.jpeg

При оддавање почит и положување на цвеќе пред споменикот на загинатиот припадник на безбедносните сили, Бобан Ивановиќ, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и делегацијата која ја предводеше, стапнаа врз државното знаме на Република Македонија.

На фотографијата јасно се гледа дека македонското знаме, поставено на подот, е нагазено од страна на делегацијата. Со тоа е прекршен Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, каде што јасно стои дека знамето мора да се почитува и не смее да се користи на начин што го навредува неговото достоинство.


Овој чин, направен во име на оддавање чест, отвора прашања за свесноста и почитта кон државните симболи од страна на јавни функционери и локални власти. Почитта кон хероите на татковината не смее да се изразува со непочитување на државните симболи.

Можете да прочитате

Свадба во струмичкиот затвор (ФОТО)

МВР најавува казни за навивачи поради говор на омраза на натпреварите во Куманово и Скопје

Гаши во петок или сабота ќе ги распише локалните избори