Утрински Весник
Македонија

Македонско-српски лингвистички средби

Knigi.webp.webp

„Македонско-српски лингвистички средби“ ќе се одржуваат денеска и утре во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

Орагнизатори на средбите се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во соработка со Институтот за српски јазик при САНУ.

Според програмата, денеска ќе бидат презентирани проектите: „Етимолошки речник на македонскиот јазик“, претставен од проф. д-р Гоце Цветановски;  „Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција“, претставен од проф. д-р Лилјана Макаријоска и „Јавниот дискурс во Република Србија“, претставен од проф. д-р Марина Николиќ и м-р Миљана Чопа.

За иницијативата за соработка меѓу проектите ќе зборува проф. д-р Марина Спасојевиќ. Како што е најавено, утре предавање ќе одржи проф. д-р Софија Милорадовиќ, директорка на Институтот за српски јазик при САНУ.  

Можете да прочитате

Нема докази за обвинение: Зошто беше запрена истрагата за „Мазут“?

ЛДП: Двојни аршини на Владата – за граѓаните експресна казна, а за функционерите простување

ДУИ: Зошто ВЛЕН не се осмелува да го спомене Иван Стоилковиќ