Утрински Весник
Македонија

Македонските ученици се вратија од Турција, сите се во добра здравствена состојба

Македонските ученици се вратија од Турција, сите се во добра здравствена состојба

Деветте државјани на Македонија, кои беа затекнати во дел подрачјата во Турција загрозени од земјотресот, утрово пристигнаа во земјава и се во добра здравствена состојба, соопшти Министерството за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Република Турција.

„Веднаш штом беше идентификувана групата, на лице место во загрозениот регион беше испратен дипломат од амбасадата во Анкара, заедно со дополнително возило, за да асистира во повлекувањето на групата сѐ до упатување кон земјава. По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа во Истанбул каде беше обезбедено сместување, дополнителна медицинска нега и одмор“, велат од МНР.

Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција. Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.

Дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, како и СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта