Утрински Весник
Економија

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна

Hrana.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Над 50 проценти од домашниот буџет на македонските домаќинства во текот на оваа година биле наменети исклучиво за храна и пијалаци. Според најновите податоци од „Статистичкиот годишник 2025“ на Државниот завод за статистика, едно просечно семејство годишно трошело околу 159.750 денари за храна и пијалаци.

Статистиката покажува дека најголема сума од семејниот буџет оди за месо, и тоа 38.397 денари. По месото следуваат млекото, млечните производи и јајцата, за кои семејствата трошеле 30.411 денари. За производи од жито биле издвоени 25.079 денари, за зеленчук 21.373 денари, за овошје 9.932 денари, додека за шеќер и чоколади се трошеле по 7.409 денари. Најмал дел од буџетот оди за риба – само 4.369 денари годишно.

Во извештајот се наведува дека едно просечно домаќинство годишно консумирало 172,3 килограми леб и 64 килограми компир.

Од зеленчук најмногу се јаделе домати – по 33 килограми, и пиперки – 30,4 килограми, додека гравот останува традиционален избор со речиси 15 килограми годишно.

Кај овошјето доминира јужното овошје со 70,2 килограми годишно, по што следуваат јаболката со 31,4 килограми и лубеницата.

Во категоријата месо, најзастапена е живината со 45,6 килограми, по што следува свинското месо со 23,6 килограми. Јагнешкото и овчото месо речиси и не се консумираат, со помалку од половина килограм годишно по домаќинство.

Од млечните производи, најмногу се консумирале јогурт и кисело млеко – 76,2 килограми, пресно млеко – 73,4 литри, додека сирењето годишно се јадело по 32,4 килограми.

Кога станува збор за пијалаците, безалкохолните доминираат со 181,6 литри годишно, за што семејствата трошеле околу 6.293 денари. Кај алкохолните пијалаци најмногу се пиело пиво – 28,6 литри, вино – 4,6 литри и жестоки пијалаци – 1,9 литри, за што годишно се издвојувале по 4.309 денари.

Дополнително, македонските семејства годинава трошеле по 14.285 денари за тутун, додека за кафе, чај и какао биле издвоени по 4.951 денар.

Податоците се добиени преку „Анкетата за потрошувачка на домаќинствата“, која опфатила 5.040 домаќинства ширум државата. Повеќе од 92 проценти од анкетираните се неземјоделски домаќинства од урбани и рурални средини.

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс