Утрински Весник
Македонија

Македонски тим – вицешампиони на Европскиот квиз за пари за 2025 година

0346 alohafredhd 7q9a0633.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, го освоија второто место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалето се одржа на 23-ти мај 2025 година во Брисел, Белгија во организација на Европската банкарска федерација (ЕБФ).

Тимот од Италија го освои првото место, додека пак третопласирани беа учениците од Шведска.


Овогодинешниот Европски квиз за пари забележа рекорден одзив во 30 земји во Европа , при што над 73.000 ученици од 2.877 училишта ширум Европа учествуваа на националните натпревари одржани во земјите учеснички. Од сите учесници само 60 продолжија во финалето на Европскиот квиз за пари, кое беше организирано со дводневна агенда и вклучуваше низа активности за запознавање и зближување помеѓу тимовите.

Иницијативата, започната од ЕБФ во 2017 година, цели да ги подобри финансиските знаења на младите луѓе и да поттикне финансиски одговорна генерација.

Оваа година на натпреварот учествуваа вкупно 30 земји: Албанија, Австрија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Република Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност ќе продолжи да ја поддржува и промовира финансиската едукација како клучен елемент за успешната и независна иднина на младите луѓе.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе